Саем за современа уметност Паратисима Скопје - Отворен повик

20/05/2014

Од 13ти до 15ти јуни, во Младинскиот културен центар Скопје се организира првото издание на Паратисима Скопје. Oтворениот повик (од 9ти мај - 1ви јуни) е наменет за што поголем број уметници и автори и што повеќе формати/жанрови.

Паратисма привлекува уметници, креативци, фотографи, сликари, режисери, писатели, стилисти и дизајнери; афирмирани уметници кои сакаат да експирментираат во динамична средина и пред широка публика.

Целта на Паратисима е да ја поддржи креативноста во сите нејзини формати, овозможувајќи простор полн со енергија и инспирација.

За учество на саемот нема селекција туку во рамките на просторот каде се одржува, со помош на фестивалскиот уметнички директор и куратор, соодветно се сместуваат авторските поставки.

Цената за учество е 15 ЕУР/900 ден.

Настанот во Скопје, Македонија е организиран со институционална поддршка на Град Скопје, Град Торино и Торинската Стопанска комора.