Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Заклучоците од првиот меѓународен собир на филмски фондови

28/02/2013

       

Филмскиот фонд на Република Македонија учествуваше на првиот меѓународен собир на филмски фондови за споделување на најдобрите искуства (BPX - Best Practice Exchange) кој се одржа во период од 15ти до 17ти февруари и на кој учествуваа дваесет филмски фондови од  Северна и Јужна Америка, Европа, Азија, Средниот Исток и Австралија. Меѓународниот собир на филмски фондови оваа година се одржа за прв пат и   истиот е организиран на иницијатива на организацијата ACE (Ateliers du Cinéma Européen) и Израелскиот филмски фонд  и е поддржан од МЕДИА Мундус.

 

        

Собирот беше реализиран со цел размена на најдобрите искуства, а меѓу другото  се разговараше и за значајните предизвици на системот на финансирање на филмови, како и поддршката за дистрибуција  на независно произведените филмови. За периодот што следи па се до наредниот собир  предвидени се истражувања и состаноци на работните групи со цел  да се дефинираат најдобрите искуства ида се постават клучните елементи за остварување на целите за подобар развој и соработка на филмските фондови. На дводневниот собир од страна на учесниците, директори на филмските фондови од Европа и Израел се донесе заклучок дека треба да се превземат заеднички мерки за унапредување на работата на филмските фондови и агенции во светот кои покажуваат подготвеност да се приклучат на BPX иницијативата.

Тековната работа на BPX во наредните дванаесет месеци ќе биде координирана и водена од страна на организацијата ACE, која ќе раководи со истражувањата, ќе организира и свикува состаноци на работните групи, и ќе го планира наредниот собир  на BPX учесниците, планиран за 2014 година.

Подетални информации  за ова случување можете да најдете на следниот линк http://ace-producers.com/archives/4250