Фокус на македонски филмови во Грузија

01/04/2013

Во период  од 2ри до 4ти април 2013 год, во Тбилиси, Грузија  ќе се одржи „Фокус на македонски филмови“. Настанот е во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија, Кинотека на Македонија и  Грузискиот филмски центар.


Во склоп на „Фокусот на македонски филмови“ ќе бидат прикажани следниве филмови:

 

 - „Избор на филмови од Браќата Манаки“ – првите снимки на Балканот

 

 - „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски;

 

 - „Тетовирање“ во режија на Столе Попов,

 

 -  „Плати и жени“ на Атанас Георгиев.

 Отварањето и проекциите на филмовите ќе се одржат во Киното Rustaveli со почеток од 20:00 часот.