Фокус на македонски филмови во Грузија
На 2ри април 2013 год. со почеток во 20:00 часот во Киното Rustaveli во Тбилиси, Грузија се одржа отварањето на „Фокусот на македонски филмови“ на кое беа прикажани:
- „Избор на филмови од Браќата Манаќи“ – првите снимки на Балканот
- „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски
„Фокусот на македонски филмови“ беше отворен од страна на Јана Јанелиже, директорката на Грузискиот филмски центар, Дарко Башески, директорот на Филмскиот фонд и Владимир Блажевски, режисер на филмот „Панкот не е мртов“.
Отварањето беше проследено со голем интерес од страна на грузиската публика како и на истото беа присутни повеќе медиуми.
Утре со почеток во 20:00 часот во Киното Rustaveli ќе се одржи проекцијата на документарниот филм „Плати и жени“ во режија на Атанас Георгиев.