Четири македонски филма на фестивал во Холандија

01/11/2012

     

Четири македонски филма ќе учествуваат на 5. Филмски фестивал „Источни соседи“, кој од денеска до 9 ноември ќе се одржи во Хаг, Холандија.

Краткометражните „Митот на Сара“ во режија на Саша Станишиќ  и „Kрајот на светот“ на Јани Бојаџи и анимираните „Играта заврши“ на Зоран Мишевски, и „Народен фронт 22“ на Иван Ивановски, ја сочинуваат селекцијата која ќе ја претставува Македонија на фестивалот чија основна цел е локалната и интернационалната публика во Холандија да се запознае со културата на земјите од источна и од југоисточна Европа.


Прикажувањето на македонските филмови е реализирано во соработка со македонскиот Филмски фонд. Специјален гостин на проекцијата на филмовите е Димитар Николов, продуцент на „Митот на Сара“.