Четири учесници од Македонија на Сараево Талент Кампус

30/06/2017

 

Во рамките на Сараево Талент Кампус, кој се одржува како дел од Сараево Филм Фестивал, ќе учествуваат 4 претставници од Македонија, актерите Игорчо Постолов и Драган Мишевски, режисерот Марко Црногорски и продуцентката Тања Тодорова.