Франција се приклучи на копродукциската листа за најновиот филм на Теона Стругар Митевска “Господ постои, нејзиното име е Петрунија” чие снимање започна минатата недела

25/01/2018

 

Минатата недела филмот “Господ постои, нејзиното име е Петрунија” беше поддржан и од престижниот француски фонд Aide aux cinémas du monde, на националната агенција за филм Centre national du cinéma et de l'image animée (CNC). Ова е еден од најпрестижните фондови во Европа,а овој филм беше едногласно избран од жирито, со што стана втор македонски филм кој има добиено средства од овој фонд, а првиот е “Јас сум од Титов Велес”. Со добивање на поддршката од овој фонд во Франција се смета за признание и препорака за квалитетот на проектот, а се добиваат можности и за добивање на фондови за филмот за негова понатамошна кино дистрибуција во Франција. http://www.cnc.fr/web/fr/cinemas-du-monde

Снимањето на овој филм започна на 19 Јануари. Проектот беше дел од најценетите предпродукциски собири како Paris Coproduction Villiage во Париз и Venice Gap Financing Market кој е дел од Венецијанскиот филмски фестивал и секаде побудуваше огромен интерес. Филмот беше поддржан и од Медиа програмата за развој со грант од 30,000 евра, а ја доби и наградата на Еуримаж во висина од 20,000 евра на Cinelink програмата која е дел од Сараевскиот Филмски Фестивал.