„Слобода или смрт“ на Venice European Gap Financing Co-production Market

29/07/2014

Филмскиот проект „Слобода или смрт“ е избран да учествува на Venice European Gap Financing Co-production Market, во склоп на 71. Венециски филмски фестивал.

 Маркетот е можност европските продуценти да ги презентираат своите проекти и да остварат потенцијални соработки со светски копродуценти.

Маркетот се одржува на 29 и 30 Август, а покрај продуцентот Дарко Попов и режисерот Владимир Блажевски, на презентацијата на проектот ќе присуствува и  францускиот копродуцент Patrice Nezan (Les Contes Modernes) кои ќе го презентираат проектот пред претставници на национални, регионални, локални и приватни фондови, дистрибутери и агенти за продажба со цел запознавање на европската филмска јавност со проектот.