Фестивал за Француски филм – Професионална средба

24/06/2013

Филмскиот фонд на Република Македонија во соработка со Францускиот Институт во Скопје, во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија, организира професионална средба со г-ѓа Натали Стрејф, одговорна во францускиот институт во Париз за фондот за подршка на светски филм (World Cinema Support) и г-дин Гијом Деланд, директор на Домот на аудиувизуелната дејност во Каен кои ќе ги презентираат француските програми и политики за поддршка на светскиот филм.

World Cinema Support е новосоздаден фонд наменет за финансирање на интернационални копродукции. Фондот е формиран на иницијатива на француското Министерство за култура и комуникации и Министерството за надворешни и европски работи и е управуван од страна на Националниот филмски центар (CNC) и Францускиот институт.

Професионалната средба ќе се одржи на 27.06.2013г. (четврток) во ЕУ Инфо Центарот со почеток во 11часот.