Фестивал на француски филм во Охрид

27/06/2012


Градот Охрид повторно е домаќин на годинешното јубилејно петто издание на Фестивалот на француски филм, кој започнува во сабота, 30 јуни и трае до 5 јули. Шестдневната фестивалска програма ќе опфати осум долгометражни и дванаесет краткометражни остварувања од француската кинематографија. Фестивалот ќе го затвори комедијата „Никаквица“ во режија на Жак Дојон, кој исто така се очекува да присуствува на проекцијата.

Фестивалот е во организација на Високата школа за аудиовизуелни уметности од Париз во соработка со Македонското Министерство за култура.