Во среда почнува 7. Француски филмски фестивал

16/06/2014

 

 

Седмото издание на Фестивалот за француски филм ќе се одржува во периодот од 18 - 22 јуни во Скопје и Охрид. Фестивалот ќе понуди програма со најновите остварувања на француската кинематографија, вклучувајќи девет долгометражни, четири краткометражни и еден документарен филм. Проекциите ќе се одржуваат во кината „Милениум„ и „Фросина“ во Скопје и Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. 

 

Фестивалот на француски филм е централна француска културна манифестација во Македонија, но и прва културна странска манифестација во земјата.

 

Подетално за фестивалот на http://www.ifs.mk/