Свечена премиера на „Трето Полувреме“ утре во киното Милениум

26/09/2012

Утре со почеток во 20.00часот во Киното Милениум  во Скопје ќе се одржи свечена премиера на филмот „Трето Полувреме“ во режија на Дарко Митревски.

„Трето полувреме“ го отвори овогодинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, а од петок, филмот ќе почне со редовни кинопроекции во кино Милениум со термини во 20.00ч и 22.30ч.

„Трето полувреме“ е приказна за неколку луѓе собрани околу најважната работа во светот - фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот - Втората светска војна. Тоа е приказна за играчите на ФК Македонија и нивниот Германско-Еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води низ патот кон титулата шампион на Нацистичката фудбалска лига. Тоа е приказна за најдобриот напаѓач Коста, познат шверцер кој се вљубува со една убава богата девојка. Ова е приказната за Ребека, Еврејска принцеза на зрно грашок, која прифаќа со неа, во нејзината мала соба, да живее фудбалер(со тоа се измолкнува од горчливата судбина на нејзиниот народ). И најпосле - ова е приказна за фудбалот, игра што во тие страшни времиња е повеќе од игра: тој е бојно поле помеѓу Доброто и Злото!

Улогите во филмот ги толкуваат Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Тони Михајловски и др.