Џифони Македонија Патува во Тетово

22/12/2017

 

На 22 и 23 декември во Тетово ќе се одржи Џифони Македонија Патува како патувачки дел од фестивалот во помалите градови од Македонија.

Настанот ќе се одржува во средното училиште С.С.О.У. „Моша Пијаде“ - Тетово каде учениците од средните училишта ќе гледаат играни филмови и ќе учествуваат во креативни работилници.

Фестивалот се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развуваат способностите за дебатирање.