Гоце Цветановски – македонски финалист во програмата Script Pitch на Фестивалот Интерфилм во Берлин

13/11/2013

           

Гоце Цветановски ќе учествува на Фестивалот за кратки филмови  Интерфилм во Берлин како финалист во програмата Script Pitch,  каде што ќе го презентира сценариото за краткиот анимиран филм со работен наслов „Capoeira – song of freedom“.

За време на тридневната програма (13-15 ноември) десетте селектирани финалисти ќе имаат можност да ги претстават своите проекти пред меѓународното жири составено од истакнати претставници на филмската индустрија и да ја освојат наградата од 1000 €.

Повеќе информации за фестивалот на http://www.interfilm.de/