„Златна петорка“ премиерно во Лондон

05/09/2016

 

 

 

 

 

Новиот македонски долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја имаше својата светска премиера во официјалната селекција на Интернационалниот филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон, најголемиот британски фестивал за независен филм.

Својата интернационална промоција филмот „Златна петорка“ ја имаше во познатото кино „Вју“ на Пикадили сиркус во центарот на Лондон, на 29 септември.

Инаку, „Златна петорка“ ќе има македонска проекција на 17 септември на свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот официјално ќе започне со дистрибуција од 6 октомври со премиерата во кино „Милениум“ во Скопје и со струмичката премиера на 7 октомври во НУЦК „Антон Панов“.

Филмот „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ од Скопје, а е финансиран од Агенцијата за филм на РМ.