„Златна петорка“ на фестивалот „Love is Folly“ во Варна, Бугарија

29/08/2017

 

Долгометражниот игран филм „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски и во продукција на „Револутион“, го продолжува својот фестивалски живот со учеството на јубилејниот 25ти Интернационален филмски фестивал „Love is Folly“ кој од 25 Август до 3 Септември 2017 се одржува во Варна, Бугарија.

Филмот е селектиран во програмата за дебитантски филмови и својата проекција ја имаше на 28 август во киносалата „Европа“ на големиот конгресен и фестивалски центар.​​

Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на РМ.