„Златна петорка“ добитник на Бронзена Сабја на фестивалот за историски и воени филмови во Варшава

02/11/2017

 

На VIII Интернационален фестивал за историски и воени филмови, кој се одржа во Варшава во периодот меѓу 23 и 26 октомври, македонскиот филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски и во продукција на Револушн од Скопје, учествуваше во официјалната селекција и ја освои наградата „Бронзена сабја“, во категоријата играни историски филмови.

Наградата ја прими Вршителот на работи во Амбасадата на РМ во Полска г-ѓа Горица Атанасова Ѓоревска, која во оваа прилика истакна дека за нашата земја се многу значајни учеството и наградата на овој реномиран полски фестивал, што допринесува за градењето на нови културни мостови помеѓу двете држави.