„Златна петорка“ освои Гран при за најдобар игран филм во Америка

12/10/2017

 

На 36. Интернационален филмски фестивал во Њу Џерси македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“, во режија на Горан Тренчовски, освои Гран при за најдобар игран филм. Ова е наедно и 7-ма меѓународна награда за филмот „Златна петорка“, чиј фестивалски живот продолжува и понатаму.