„Убаво време за умирање“ во Кинотека
Вечерва во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм во режија на Сенад Абдули „Убаво време за умирање.“
Филмот од поинаков аспект се занимава со негативниот феномен на самоубиството во современите општества. Ова е приказна за Мети, маж на околу 50 години кој одлучува да се самоубие поради монотонијата на својот живот и неможноста да се грижи за своето семејство. Тој ја сака точноста и е многу врзан за датите и часовите. Заминува од својот дом во намерата да изнајде причини да се оттргне од животот...
Главната улога на Мети ја толкува Сенад Абдули, а во филмот играат и Наиме Ази, Леарт Абдули, Деа Сабриу, Адриан Кадри и Неџла Абдули.
„Убаво време за умирање“ е во продукција на Арнел и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.