„Убаво време за умирање“ на фестивал во Барселона

13/02/2015

Краткометражниот „Убаво време за умирање“ во режија на Сенад Абдули ќе учествува на 17то издание на Меѓународниот фестивал на анимиран и краткометражен филм „МЕКАЛ ПРО“, кој ќе се одржи во период од 11ти март  до 19 април во Барселона, Шпанија. Фестивалот ќе опфати повеќе од 350 краткометражни филмови од 40 различни земји, селектирани од над 5300 пријавени филмови.

„Убаво време за умирање“ ќе биде ревијално прикажан на 9ти април во програмскиот дел „Балкански визии“. Филмот е по сценарио на Зимбер Келменди, во продукција на Арнел Продукција и е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.