„Убаво време за умирање“ на фестивалот „Sound and Visions“

24/08/2015

Краткометражниот филм „Убаво време за умирање“ ќе се прикаже на фестивалот „Sound and Visions“, што се одржува во Мајданпек, Србија. Филмот ќе биде прикажан во официјалната компетиција „Краток метар“ (29-30 август)

Филмот од поинаков аспект се занимава со негативниот феномен на самоубиството во современите општества. Ова е приказна за Мети, маж на околу 50 години кој одлучува да се самоубие поради монотонијата на својот живот и неможноста да се грижи за своето семејство. Тој ја сака точноста и е многу врзан за датите и часовите. Заминува од својот дом  во намерата да изнајде причини да се оттргне од животот...

Главната улога на Мети ја толкува Сенад Абдули, а во филмот играат и Наиме Ази, Леарт Абдули, Деа Сабриу, Адриан Кадри и Неџла Абдули.

„Убаво време за умирање“ е  во режија на Сенад Абдули, по сценарио на Зимбер Келменди, во продукција на Арнел Продукција и е поддржан од Агенција за филм на Р. Македонија.