Гран При за „Види ја ти неа“

02/04/2018

 

Вчера вечер во Домот на младите во Белград, на церемонијата на затворањето на 65.Мартовски-Белградскиот фестивал на документарен и краток филм, Види ја ти неа во режија на Горан Столевски ја освои Гранд При наградата за најдобар интернационален краткометражен игран филм. Организаторт на фестивалот им ја врачи наградата на продуцентите Кристијан Буровски и Димитар Минов.

Белградски фестивал на документарен и краток филм, популарниот Мартовски фестивал е најстариот српски филмски фестивал и е еден од најдолговечните еврпски филмски фестивали.

Следната фестивалска дестинација на филмот е на 6.LЕТ’S CEE филмскиот фестивал во Виена.

Повеќе информации на: http://martovski.rs/proglaseni-dobitnici-gran-pri-i-strukovnih-nagrada/