Позитивни критики за “Ослободување на Скопје” во Финска

11/11/2016

 

Македонскиот кандидат за Оскар филмот "Ослободување на Скопје" во режија на Раде и Данило Шербеџија, изминатите денови се прикажа во Финска каде што наиде на позитивни критики од медиумите.

Водечкиот регионален весник Torun Sanomat го опиша филмот како не само типично втемелен на приказната за борбата  на отпорот против нацистите како апсолутно зло, туку и за луѓето кои се обидуваат да го задржат својот идентитет во посебни околности и додаваат дека режисерите успеале да ја прикажат хуманоста во своите ликови.

Месечникот Voima истакнува дека веродостојно се прикажани воените услови, а ликовите психолошки нијансирани, додека пак критичарот Ilta Sanomat кој пишува за на еден од најголемите весници во Финска оценува дека многу уверливо е прикажано страдањето на цивилите, со посебни пофалби за улогата на Раде Шербеџија.

Порталот Smackthjack.net позитивно пишува за природноста на актерите, истакнувајќи го ликот на германскиот офицер Ханс кој го игра Mikko Nousainen, за кој вели дека не е прикажан клишеизирано туку со доза на човечност.

Реализиран као македонско-хрватско-финска копродукција филмот ја имаше премиерата на фестивалот во Пула. Потоа следеа учества на фестивалите во Сараево, во Битола, Хелсинки, Тузла. Филмот беше прикажан на Фестивалот во Братислава каде на Раде Шербеџија му беше доделена Наградата за извонредни достигнувања во светската кинематографија. Следува негово прикажување на фестивалите во Загреб, Белград, Палм Спрингс, Монтевидео....

Филмот е во продукција на Партизанс, и е поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.