„Влакна“ со премиера во Битола

17/09/2013

 

Краткометражниот филм „Влакна“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во продукција на Партес беше премиерно прикажан вчера во рамки на програмата „Македонска панорама“  на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува од 14-20 септември во Битола, Македонија.

Снимањето на филмот, кој е поддржан од Филмскиот фонд на Р. Македонија се одвиваше на повеќе локации во Скопје, Битола и Скопска Црна Гора.

Главните улоги ги толкуваат македонската актерка Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ, а играат и Слаѓана Вујошевиќ и Марија Арсенкова. Продуцент на филмот е Небојша Илиевски, директор на фотографија е Димо Попов а автор на музиката е Дејан Спасовиќ.

Повеќе информации за филмот, ОВДЕ