Падна првата клапа на „Влакна“

10/07/2013

Почнува снимањето на краткометражниот филм „Влакна“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова. Филмот е во продукција на „Партес“, a ќе се снима една недела на повеќе локации низ Скопје, околу Скопска Црна Гора и во Битола.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ. Настапуваат и Слаѓана Вујошевиќ и Марија Арсенкова.

Продуцент на филмот е Небојша Илијевски, директор на фотографија – Димо Попов, а автор на музиката – Дејан Спасовиќ. Филмот е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.

Повеќе информации за филмот, ОВДЕ