„Влакна“ награден на фестивал во Канада

07/03/2016

     Краткометражниот филм „Влакна“ по сценарио и во режија на Елеонора Венинова е добитник на наградата за Најдобар трилер на Канадскиот филмски фестивал, што ќе се одржи на 8 и 9 април во Ванкувер, Канада.

     Филмот ќе биде прикажан заедно со останатите победнички остварувања во други категории на 09.04.2016 год. во 14:40 часот.

    „Влакна“ е приказна за детективката Вајлд која се зафати со решавање на случајот на убиство на едно 7-годишно девојче. Единствениот зрак надеж за детективката е единственото влакно кое е пронајдено на местото на настанот, за кое се претпоставува дека припаѓа на убиецот.

     Филмот е во продукција на Небојша Илијевски (Партес Продукција) и истиот е поддржан од Агенција за филм на РМ.