„Медена ноќ“ – македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје за 2015 година,веста пренесена и од Hollywood reporter

15/09/2015

„Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков е официјалниот македонски кандидат  за 88то издание на Оскар од неанглиско говорно подрачје. Одлуката ја донесе Комисија составена од Бранко Петровски, Даријан Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовска и Ѓорѓи Клинчаров 

Приказната се одвива во 90те години и се случува за време на ноќта на десетгодишнината на заменик министерот Никола  и неговата сопруга Ана. Улогите на Стив и Ана ги толкуваат актерите Никола Ристановски и Верица Недеска. Светската премиера на филмот „Меден ноќ“ на режисерот Иво Трајков се случи во април 2015 година, кога го означи почетокот на 18. Скопје филм фестивал.

 Македонски продуценти на филмот се Кавал филм, а истиот е поддржан од Агенција на филм на Р. Македонија.

Веста за македонскиот кандидат за Оскар ја пренесе и онлајн магазинот The Hollywood Reporter. Веста можете да ја погледнете на следниов линк.