„Медена ноќ“ со проекција на филмскиот маркет во Берлин

11/02/2015

 

 

 

Долгометражниот филм „Медена ноќ“ во режија на Иво Трајков имаше своја проекција на Европскиот филмски маркет кој е во тек во рамките на Филмскиот фестивал во Берлин.

Проекцијата се одржа на 8ми февруари во салата Синемакс 11 и истата беше проследена од продуценти, продажни агенти, директори и селектори на филмски фестивали.


Приказната се одвива во раните 90ти на прослава на Националниот празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, а истовремено и 10 годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик министер и неговата сопруга Ана.
 

Главните улоги во филмот ги толкуваат Верица Недеска и Никола Ристаноски, музиката е на Тони Китановски, директор на фотографија е Милорад Глушуица, а продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски. Филмот е македонско / словенечка / чешка копродуцкија и истиот е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.