„Си барам невеста“ селектиран на Работилницата за груба монтажа на документарен филм

18/06/2012

Документарниот филм на режисерката Марија Џиџева „Си барам невеста“ е селектиран за учество во  Работилницата за груба  монтажа на документарен филм, иницијатива организирана од Балканскиот Филмски Центар и Сараевскиот Филмски Фестивал, која ќе се одржи од 8-11 јули во склоп на Сараевскиот филмски фестивал.

Петте селектирани документарци ќе ја добијат шансата да се натпреваруваат за неколку парични награди како и за новововедената награда ДОК Инкубатор, наменета за млади и надежни филмски професионалци со проекти во фаза на монтажа, овозможувајќи му ја на добитникот шансата да отпатува на семинар во Братислава, со можност за професионален фидбек и консултација со врвни филмски експерти.