Македонија со три филма на Берлинале

12/01/2012

Следниот месец, на предстојниот 62ри Берлински филмски фестивал ќе биде претставен краткиот филм „Бардо“, дипломски труд на режисерката Марија Апчевска, кој ќе биде прикажан во програмата GENERATION.

Филмот „Бардо“ е снимен  минатото лето во Скопје и прикажува детски поглед на светот, перцеприран од девојче чиј лик го игра осумгодишната Марија Благоевска. Филмот е визуелно обработен и нема многу реплики.
Режисерката го откри и значењето на насловот на филмот. - Бардо е тибетски збор кој значи состојба помеѓу. Во филмот тоа е состојба помеѓу животот и смртта, меѓу светот на детето и на возрасниот... една фина асоцијација што не се погодува од прва и побудува интерес, рече Апчевска.

На Берлинскиот филмски фестивал, кој ќе се одржува од 9-ти до 19 февруари, Македонија учествува со уште два кандидата поддржани од Филмскиот фонд - во фестивалската програма „Панорама“ ќе бидат прикажани „Жената која ги избриша своите солзи“ на Теона Стругар Митевска и македонско-српската копродукција „Парада“ на Срѓан Драгоевиќ.

 

Нова Македонија:На „Берлинале“ одиме по „кристалната мечка“

Утрински :И македонскиот краток филм „Бардо“ на Берлинале

Вечер:Марија: Имам осум години, имам петки и сум глумица!

Дневник:„Бардо“ на Марија Апчевска во трка за „Kристална мечка“

 АлфаТВ:Краткиот филм „Бардо“ на Берлинале

Сител: И краткиот филм “Бардо” на Берлинале

МРТ:Краткиот филм „Бардо“ на Берлинале

МИА:Краткиот филм „Бардо“ на Берлинале

Идивиди: Краткиот филм „Бардо“ на Берлинале

Плус Инфо:Македонскиот „Бардо“ ќе се натпреварува на Берлинале

KармаКаша:И краток филм во Берлин

НетПрес: Македонски филмови на Берлинскиот филмски фестивал

КулТура:Македонската кинематографија со широка меѓународна активност