Македонската копродукција „Пештерата“ награден на „Астерфест“

27/05/2015

 

 

Единаесеттото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ се одржа во период од 27-31 мај во Струмица, под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“.

За време на фестивалските денови, посетителите имаа шанса да уживаат во богата домашна и интернационална продукција со околу 50 филмски остварувања поделени во следниве програмски дела: Глобална фикција, Ѕвездени документи, Анимоушн, Мувиленд.

На свеченото отворање на фестивалот беа доделени и специјалните награди за посебни достигнувања во полето на филмската уметност на овогодинешните лауреати, Киро Урдин и Боро Стјепановиќ.

Египетско-македонската копродукција „Пештерата“ во режија на Ахмед Гонеими ја доби Специјалната награда „Старозлатен проектор“ . Според жирито „ динамичната фотографија одлично соодветствува на динамичната актерска игра и на одличната режија, со што се креира хипер-реална атмосфера која буквално го вовлекува гледачот во приказната.“

Повеќе информации за фестивалот  на http://asterfest.mk/