Италијански продуценти и дистрибутери во посета на Македонија

19/11/2013

Вчера, во рамките на Фестивалот за европски филм Синедејс, се одржа филмски маркет на кој присуствуваа 40 претставници на продуцентски и дистрибутерски куќи од Италија и Македонија.

Директорот на Филмскиот фонд на РМ Дарко Башески пред нив ја презентираше регулативата во областа на филмот, механизмите за поддршка, филмските проекти реализирани од Фондот од 2008 дo 2013 година и новиот Закон за филмска дејност кој ќе почне да се применува од 1 јануари 2014 и со кој Филмскиот фонд ќе се трансформира во Агенција за филм која освен што ќе продолжи да ја развива дејноста со зголемување на обемот и средствата за поддршка на филмски проекти ќе нуди и продукциски стимулации за целосна или делумна продукција на филмски и телевизиски проекти, во износ од 20% од направените трошоците за стоки и услуги во Македонија.

По завршеток на презентацијата  продуцентите и дистрибутерите од двете земји имаа можност да остварат еден на еден (B2B) средби со цел отпочнување на в заемна соработка која оди во насока на размена на услуги, продукциски, ко-продукциски и дистрибуциски активности.

Во текот на денешниот ден, продуцентите и дистrибутерите од Италија ќе имаат можност поблиску да се запознаат со капацитетите кои ги нуди Македонија на полето на постпродукција со посета на македонските продуцентски куќи  ФХ3Х, Macedonia music and entertainment и Вертиго по што следат индивидуалните средби помеѓу претставници на продуцентските и дистрибутерските куќи од Италија и Македонија.