Заврши снимањето на „Медена ноќ“

23/12/2013

Синоќа во фоајето на Македонската опера и балет заврши снимањето на последното остварување на режисерот Иво Трајков „Медена ноќ“. 

Приказната се одвива во 90те години и се случува за време на ноќта на десетгодишнината на заменик министерот Стив и неговата сопруга Ана. Улогите на Стив и Ана ги толкуваат актерите Никола Ристановски и Верица Недеска.

Снимањето траеше  пет недели на локации низ Скопје.

Филмот е по сценарио и режија на Иво Трајков, во продукција на Кавал Филм и е поддржан од Филмскиот фонд на Македонија.