Ј.А.Ц.Е. во конкуренција на меѓународниот филмски фестивал во Токио

30/09/2011

Долгометражниот филм Ј.А.Ц.Е. во режија на Menelaos Karamaghiolis, ко-продукција помеѓу Грција-Португалија-Македонија-Турција и Холандија влезе во официјална конкуренција на 24-то издание на меѓународниот филмски фестивал во Токио, кој ќе се одржи во период од 22-ри до 30-ти октомври оваа година. Филмот е произведен 2011 година, оваа проекција воедно ќе биде и негова светска премиера.
Ко-продуцентот од Македонија е Продуцентската куќа Гејзер филм.