Јана Стојановска со награда за најдобра женска улога во „Епизодист“

24/10/2012

Јана Стојановска е добитник на наградата "River Pearl" за најдобра женска улога во филмот „Епизодист“ на второто издание на филмскиот фестивал „Silent River“, кој се одржа од 11-14 октомври во Ирвајн, Калифорнија.

        

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Јана Стојановска, Силвија Стојановска и Игор Ангелов, беше номиниран во две категории, за најдобар краткометражен филм и за најдобра женска улога во краток филм. На фестивалот во краткометражната категорија се натпреваруваа 31 филм од 10 држави во светот.

Ова е трета награда за краткиот филм „Епизодист“, кој е во режија на Игор Алексов. Претходно филмот е награден на Скопскиот филмски фестивал за најдобро краткометражно остварување и на фестивалот "Hollyshorts" каде ја доби наградата за најдобар интернационален краткометражен филм.

 

 

Повеќе за филмот, ОВДЕ