Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Јавна објава

07/03/2016

Врз основа на член 11 став 2 алинеја 4 од Законот за филмската дејност („Службен весник на РМ“ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15 и 152/15), Агенцијата за филм на Република Македонија стекнува средства и од надоместоци на правни лица утврдени со член 12 од Законот за филмската дејност.

Согласно член 12 став 1 ОД Законот за филмската дејност надоместоците кои ги стекнува Агенцијата се:

-0,9 % од приходот на телевизиските програмски сервиси на национално ниво,

-0,9 % од приходот на телевизиските програмски сервиси на регионално  ниво,

-0,9 % од приходот на телевизиските програмски сервиси на локално ниво,

-1% од приходот на операторите на јавните електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси на радиодифузерите,

-1% од  приходот на правните лица кои обезбедуваат пристап до интернет

-5 % од приходот на правни лица кои вршат дејност  киноприкажување на филмови,

-2  %  од  приходот на правни лица кои вршат дејност дистрибуција,  изнајмување или продажба на филмови.

Надоместоците правните лица ги пресметуваат од вкупниот годишен приход остварен во претходната година од дејноста која претставува основа за утврдување на горенаведените надоместоци. Правните лица се должни до Агенцијата да достават податоци за остварени приходи од вршењето на дејностите до 15 март во тековната година за претходната година.

Агенцијата по добиени податоци од правното лице за остварени приходи од вршењето на дејностите еднаш годишно во март во тековната година за претходната година им издава решение за утврдување на висината на надоместоците.

Согласно горенаведеното Агенцијата објавува јавна објава до сите правни лица кои согласно Законот за филмската дејност имаат обврска да достават податоци за остварени приходи од вршењето на дејностите. Со оваа објава ги насочува правните лица да пополнат соодветен образец за остварени приходи кои се објавени на веб страната на Агенцијата за филм на РМ на следниот линк: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Metodologija-za-nadomestoci/?lang=mk, и истиот да го достават во скенирана форма на е-маил адреса: trna.todorovska@filmagency.gov.mk како и до архивата на Агенцијата на ул. 8ми март бр. 4, 1000 Скопје.

За дополнителни информации контакт лице во Агенцијата за филм на РМ е Трна Тодоровска, Одделение за нормативно правни работи, тел. 02-3224100, лок.115.

Воедно Ве известуваме дека доколку правните лица не ги достават податоците до Агенцијата во законски утврдениот рок до 15 март,  висината на надоместокот ја утврдува Агенцијата врз основа на податоци добиени од Централниот регистар на Република Македонија за вкупниот годишен приход на правните лица, остварен во претходната година, за што им издава решение.

 

 

АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА