Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Известување за оние кои сеуште немаат постапено согласно Законот за филмската дејност(„Службен весник на РМ“ бр. 82/13, 18/14 и 44/14)

16/01/2015



Согласно член 40 од Законот за филмската дејност правните лица кои вршат филмска дејност се должни до Агенцијата да ги доставуваат податоците за долу наведените евиденции кои се составен дел на единствената евиденција која ја води Агенцијата и тоа за:
- Евиденција за филмските продуценти, за дистрибутерите на филмови и за киноприкажувачите во Република Македонија
- Евиденција за филмови снимени со средства од Буџетот на Република Македонија
- Евиденција за филмови снимени во Република Македонија
- Евиденција за филмови дистрибуирани во Република Македонија
- Евиденција за филмови што се прикажани во кината во Република Македонија

Согласно горенаведеното Агенцијата за филм ги известува сите правни лица кои располагаат со податоци од филмската дејност утврдени во член 40 од Законот за филмската дејност, дека истите имаат обврска да достават пријави за соодветната евиденција. Податоците за единствената едвиденција се доставуваат на соодветниот образец на следната емаил адреса: info@filmfund.gov.mk

Правилникот за формата содржината и начинот на водење на единствената евиденција на податоци за филмската дејност и Обрасците кои се во склоп на истиот, се објавени на официјалната веб страна на Агенцијата за филм на следниов линк: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Obrasci--evidencija/?lang=mk
 
Краен рок за достава на пополнетите обрасци:

    Образец бр. 9 „Евиденција за филмските продуценти, за дистрибутерите на филмови и за киноприкажувачите во Република Македонија“, овој образец се доставува во рок од 15 дена од денот на регистрацијата на правното лице во Централен Регистар на Република Македонија. Правните лица кои веќе се регистрирани во Централниот Регистар, краен рок за достава на образецот е 26.01.2015г.
Локација на веб страна: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Obrasci--evidencija/Obrazec-9.pdf

    Образец бр.10 „Евиденција за филмови снимени претходната година со средства од Буџетот на Република Македонија“, овој образец се доставува најдоцна до 15ти јануари, тековната, за претходната година.
Локација на веб срана: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Obrasci--evidencija/Obrazec-10.pdf

    Образец бр.11 „Евиденција за филмови снимени во Република Македонија“, овој образец се доставува во рок од 30 дена по завршувањето на снимањето во Република Македонија. За филмовите кои се веќе снимени, краен рок за достава на образецот е 26.01.2015г.
Локација на веб срана: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Obrasci--evidencija/Obrazec-11.pdf

    Образец бр.12 „Евиденција за филмови дистрибуирани во Република Македонија“, овој образец се доставува најмалку 7 дена пред прикажувањето на филмот
Локација на веб срана: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Obrasci--evidencija/Obrazec-12.pdf

    Образец бр.13 „Евиденција за филмови што се прикажани во кината во Република Македонија“, овој образец се доставува најдоцна до 5 ти, тековниот месец, за прикажаните филмови во претходниот месец - Во овој случај, краен рок за достава на образецот за киноприкажувањето во месец април е 20ти мај, додека за сите претходни месеци за 2014 година (Јануари - Март), краен рок за достава на обрасците е 30.05.2014 година.
Локација на веб срана: http://www.filmfund.gov.mk/Dokumenti/Obrasci--evidencija/Obrazec-13.pdf

    За правните лица кои нема да да ги достават податоците во дадените рокови Агенцијата ќе постапи согласно Прекршочните одредби од Законот за филмската дејност.