Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ, за други аудиовизуелни дела - играна серија со малцински финансиски удел во Република Македонија во 2018 - ОБЈАВЕН НА 15.05.2018

16/05/2018

Агенцијата за филм на Република Македонија врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен Весник на РМ’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 36/16 и 11/18) објавува:

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ 

за други аудиовизуелни дела- играна серија со малцински финансиски удел од Република Македонија во 2018 година

 

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

 

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за производство на други аудиовизуелни дела- играна серија со малцински финансиски удел од Република Македонија во 2018 година. 

Играна серија со малцински финансиски удел на Република Македонија е серија во која учеството на Република Македонија не може да биде повеќе од 20%, но не помалку од 10% во вкупните трошоци за производство на серијата.

 

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ  

 

За поддршка на произдводство на други аудиовизуелни дела - играна серија со малцински финанасиски удел од Република Македонија право на учество на Конкурсот имаат  филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност. Правните лица кои имале поддржани проекти од Агенцијата за филм на Република Македонија во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Агенцијата за филм на Република Македонија .


Задолжителна документација на аудиовизуелното дело која се доставува на македонски јазик и тоа: 

-         Сценарија за 30 % од епизодите од првата сезона

-         Опис на дејствијата (Тритмент –максимум 5 страни)

-         Синопсис- максимум 1800 карактери

-         Режисерска експликација со потпис од страна на режисерот

-         Каток опис на ликови

-         други документи наведени во пријавата во точка V. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ

 

III. ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

За проектите  за поддршка на производство на играна серија со малцински финанасиски удел од Република Македонија приоритет при одлучување на Конкурсот ќе имаат проекти кои исполнуваат најмалку два од следните приоритети и тоа:

-          да имаат универзален уметнички и комерцијален потенцијал;

-          темата и содржината делумно или во целост обележуваат значајни, културни, универзални вредности со современа тематика.

-          делумно или целосно се реализира на локации од Република Македонија или преку слики и снимки промовира културни вредности на Република Македонија

-          да се засноваат на стручно и професионално знаење;

 

IV. КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ: 

 

Аудиовизуелното дело- играна серија со малцински финанасиски удел од Република Македонија потребно е да ги исполнува следниве критериуми и тоа:

 

-         Оригиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото или детален опис на концепт на аудиовизуелното дело;

-         Изводливост Република Македонија да учествува со малцински финансиски удел во играната серија;

-         Изводливост на аудиовизуелното дело во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање како и изводливост на буџетот со кои Продуцентот и Република Македонија учествуваат со малцински финансиски удел во реализација на истото.

 

Постапката за евалуација и одлучување по пријавите подетално е опишана во Пријавата во дел IV. ПОБЛИСКИ КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

 

V НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА  

 

За играна серија со малцински финансиски удел од Република Македонија, најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Македонија. 

Правните лица чиј проект е избран на конкурсот, односно корисници на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно позитивните прописи во Република Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм.

Правните лица чиј проект е избран на конкурсот, односно корисниците на средствата се должни при склучувањето на договорот за финансирање на играната серија со малцински финансиски удел да обезбедат банкарска гаранција во висина од 25% од вкупниот износ на доделените средства од Агенцијата за филм на Република Македонија.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

За трошоци не се сметаат трошоците направени за:

-Купување на движни и недвижни ствари и други предмети кои ќе останат во трајна сопственост на продуцентот, а кои се купени со средствата доделени од Агенцијата

 

 

VI.ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ДОСТАВУВА НА КОНКУРСОТ  

 

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата на проекти од национален интерес во филмската дејност е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.  

За секој проект се пополнува одделна пријава.

Со пријавата подносителот потребно е да ја достави и задолжителната документација која е содржана во самата пријава како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на проектот, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени во Пријавата не се враќаат.

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

 

-         не се поднесени во рокот за поднесување на барање на овој конкурс, 

-         се со нецелосни и неточни податоци

-         се со нецелосно доставена задолжителна документација која точно е опишана во самиот образец на пријавата 

 

 

VII. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА 


Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4, Скопје или до Архивата на Агенцијата за филм на Република Македонија во затворен плик со назнака “пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’ најдоцна до 16:00 часот на 14.06.2018 год,.

 
Пријавата и документацијата  по Пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk   во горе предвидениот рок.

 

VIII Еднократен надоместок за администрирање на проектот

За администрацијата на проектите (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.), уплатата се врши на Образец ПП50 со цел на дознака: Уплата за Конкурс за финансирање проекти. Назив на примачот: Агенција за филм на Република Македонија, Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 180106036478714  приходна шифра: 725939  програма: 31

Висината на надоместокот за администрација на проектите изнесува 10.000 денари.

IX. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ 

 

Резултатите по конкурсот ќе бидат објавени во рок од најмногу 30 дена од денот на затварање на конкурсот, и ќе се објават на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија www.filmagency.gov.mk.

Проектите прифатени на конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за финансирање на  проекти од национален интерес во филмската дејност.

 

X. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 


Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил 

contact@filmagency.gov.mk

Пријава по Конкурс