КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ за развој на домашни филмски сценарија за долгометражен игран филм - ОБЈАВЕН НА 15.05.2018

16/05/2018

Агенцијата за филм на Република Македонија врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Службен Весник на РМ’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 36/16 и 11/18) објавува:

 

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС

ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ 

за развој на домашни филмски сценарија за долгометражен игран филм

 

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ 

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти за развој на домашни филмски сценарија за долгометражен игран филм.

Под долгометражен игран филм се подразбира филм чие времетраење  не е помалку од 70 минути.

  

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ  

Право на учество на конкурсот за развој на домашни филмски сценарија за производство на долгометражен игран филм имаат:

1. физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија и

- да имаат напишано најмалку едно сценарио за долгометражен филм и/или завршено високо филмско образование или последна година на студии на факултетот за драмски уметности или сродни студии

2.  правните лица мора да се регистрирани во Централен Регистар за производство на филмови, како и регистрирани во единствената евиденција за продуцентити на Агенцијата за филм на Република Македонија

Пријавата може да се поднесе најмногу од две лица, односно сценарист и продуцент.

 

Право на учество на конкурсот за развој на домашни филмски сценарија за производство на долгометражен игран филм немаат:

- проекти кои веќе се финансирани од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија (НУ Филмски фонд на Република Македонија) во конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен игран, документарен и анимиран филм и

-  проекти кои веќе се финансирани од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија  (НУ Филмски фонд на Република Македонија) за развој на сценарио. 

 

Одобрените средства за развој на домашни сценарија за производство на долгометражен игран филм не ја обврзуваат Агенцијата за филм на Република Македонија да го поддржат проектот на Конкурс за финансирање на проекти за производство на дологметражен игран, документарен и анимиран филм.

 

Задолжителната документација за проекти за поддршка за развој на домашни сценарија за производство на долгометражен игран филм се доставува на македонски јазик и тоа:

- Биографија за сценаристот (доколку аплицираат две лица се поднесува биографија за двете)

- Верзија на сценариото

- Синопсис за оргиналната идеја  (најмалку 1 до 2 страници)

- Тритмент (од 4-10 страници)

- Доказ за авторски права ако се однесува за екранизација за постоечко авторско дело

 

III. КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ: 

За развој на домашни филмски сценарија за производство на долгометражен игран филм  оригиналноста, автентичноста и квалитетот на содржината на сценариото се утврдува преку следните мерила: структура, карактери, пишувачки квалитети, приказна, дијалог, формат на сценарио и сл.

Постапката за евалуација и одлучување по пријавите подетално е опишана во Пријавата во дел III. КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

 

IV. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА  

За проектите развој на домашни филмски сценарија за производство на долгометражен игран филм доколку една пријава е доставена од две лица (продуцент и сценарист), износот се дели најмалку 80% од доделените средства се наменети за сценаристот додека најмногу до 20% на име на продуцентот за развој на истоимениот проектот.

 

V. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ДОСТАВУВА НА КОНКУРСОТ  

 Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата на проекти од национален интерес во филмската дејност е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.  

За секој проект се пополнува одделна пријава.

Со пријавата подносителот потребно е да ја достави и задолжителната документација која е содржана во самата пријава како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на проектот, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави. Документите/материјалите доставени во Пријавата не се враќаат.

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

- не се поднесени во рокот за поднесување на барање на овој конкурс, 

- се со нецелосни и неточни податоци

- се со нецелосно доставена задолжителна документација која точно е опишана во самиот образец на пријавата 

 

VI. НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА 

Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4, Скопје или до Архивата на Агенцијата за филм на Република Македонија во затворен плик со назнака “пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’ најдоцна до 16:00 часот на 14.06.2018 година.

 
Пријавата и документацијата  по Пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: info@filmagency.gov.mk   во горе предвидениот рок.

 

VII. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ 

 Резултатите по конкурсот ќе бидат објавени во рок од најмногу 30 дена од денот на затварање на Конкурсот, и ќе се објават на веб страната на Агенцијата за филм на Република Македонија www.filmagency.gov.mk.

Проектите прифатени на конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за финансирање на  проекти од национален интерес во филмската дејност.

 

IX. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 


Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk

Пријава по конкурс