„Камера 300“ - Отворен повик за аплицирање

03/07/2015

Отворен е повикот за аплицирање на Меѓународниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ кој ќе се одржи во период од 27-31 октомври, 2015 год. во Битола. Фестивалот е отворен за филмски аматери, членови на клубови, секции или самостојни автори од земјата и странство. Должината на филмовите не смее да надмине 15 минути, а се прифаќаат филмови во следниве формати: DVD, mp4, MPEG, со англиски превод.

Краен рок за пријавување: 10.10.2015

Организатори на фестивалот се Кино сојузот на Македонија, Кино-видео клубот „Студио Милтон Манаки“ и Народна техника - Битола со поддршка од Агенцијата за филм на РМ и градоначалникот на општина Битола.

Пријавата и правилата за аплицирање можете да ги најдете ОВДЕ