Заврши снимањето на филмот „Враќање“

14/10/2013

Заврши снимањето на долгометражниот проект „Враќање“, по сценарио и режија на Кастриот Абдули. Снимањето траеше 21 ден, на локации во Македонија (село Јаболце, општина Сопиште и неговата околина) и дел во Албанија.

Приказната е сместена во Македонија, во 2000 година, време каде се преплетуваат старото со новото, традиционалното со модерното, западното со балканското, патриархализмот со глобализмот. Илир, албанец кој мигрирал на запад, во Германија, се запознава таму и одлучува да се ожени со една германка Сабина што наидува на неодобрување од страна на неговата фамилија

Улогата на Сабина и е доделена на француската актерка Делфин Депардје, а остатокот од екипата ја сочинува Сељман Љокај, Хазир Хазири, Сафете Ругова, Сефедин Нуредини, Теута Ајдини.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Косово и е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија и Центарот за кинематографија на Косово.