Киро Урдин награден во Кина

11/12/2012

Уметникот и режисер Киро Урдин е награден  на шестиот Меѓународен фестивал на филмови посветени на животните  и заштита на животната средина кој се одржа во Јаан, Кина (China International Animal and Nature Film Festival).

Филмот „Две времиња“ по сценарио и режија на Урдин ја доби наградата „Голема панда“ за најдобар филм во категоријата заштита на животната средина. Филмот е снимен во пределот на Масаи Мара во Кенија и Танзанија.

На фестивалот учествуваа 43 домашни и странски филмски наслови, а меѓународното жири додели награди во три категории.

Наградата на Киро Урдин му беше врачена од страна на кинескиот амбасадор во Македонија Циу Џивеи а на свеченоста се обрати и  заменик-министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ

Урдин учествуваше и минатата година на еко-фестивалот во Кина, со филмот „Оган и вода“.