Започнува снимањето на документарниот филм „Последниот Македонец од Македонија-Букурешки договор“

18/09/2013

Во петок со почеток во 12 часот, во старата Општинска зграда во Битола започнува снимањето на  документарно играниот филм со работен наслов “Последниот Македонец од Македонија - Букурешки договор”.

Филмот содржински го обработува Букурешкиот договор и настаните поврзани со него, раскажувајќи приказна на негации и многу историски моменти обвиени со превезот на тајност. "Последниот Македонец од Македонија" пристапува кон вистината и открива моменти кои се чувале во тајност, поврзувајќи го минатото, сегашноста, но, исто така и иднината.

Филмот е финансиран од Филмски фонд на Република Македонија, а е во реализација на Тринити плус продукција.