„Лазар“ и „Ослободување на Скопје“ и на Пулски филмски фестивал

14/07/2016

 

 

Македонскиот филм „Лазар“ на Светозар Ристовски (Смалл Мовес), копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Бугарија и Франција беше прикажан на 63. Пулски филмски фестивал и тоа во официјална  конкуренција за наградата „Златна арена“.

Публиката ќе има можност да го види и филмот „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија, копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска,  ќе биде прикажан надвор од конкуренција. Македонскиот продуцент на филмот „Ослободување на Скопје“ е Партизанс Продукција.

И двата филма се поддржани од Агенцијата за Филм на Република Македонија и Еуроимаж.