Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

Македонски филмови на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

18/09/2015

Со светска премиера на филмот „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски, вечер во Центарот за култура во Битола свечено ќе биде отворен 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе трае во наредните десет дена под мотото „Филмот е убав“. 

На свеченото отворање ќе им бидат врачени наградите „Златна камера 300“ на почесните добитници - специјални награди за особен придонес во филмската уметност на познатите актери Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков и награди за животно дело на кинематограферите Ришард Ленчевски и Божидар-Бота Николиќ. Третиот добитник на признанието е Јаромир Шофр, кому наградата ќе му биде врачена на свеченото затворање, на 27 септември.

На вечерашното отворање ќе биде врачена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која годинава ја добива карикатуристот, автор на анимирани филмови и архитект Дарко Марковиќ. 

Во десетте фестивалски денови ќе бидат прикажани 215 филма. Од кои 111 се студентски филмови. Во официјалната програма на 36. ИФФК се 13  жанровски различни филма кои ќе се натпреваруваат за наградите „Златна камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена).

За наградите во главната натпреварувачка програма ќе одлучува петчлено меѓународно жири, под претседателство на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски - еден од тројцата годинашни добитници на „Златна камера 300“ за животно дело. 

Оваа година „Браќа Манаки“ ќе има две нови натпреварувачки програми: Нов европски филм и програмата SEE Камера. 

Во склоп на својата филмска програма, фестивалот традиционално вклучува и филмови од најновата македонска продукција. Како дел од програмата оваа година се најдоа следниве наслови:


18.09.2015                                                                                                    19.09.2015

„Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов                   „Последниот Македонец - Патот до истребување“ на Илија Пиперковски                                                                                 „Медена ноќ“ на Иво Трајков (MK/CZ/SL)

                                                                                        „Споменик на Мајкл Џексон“ на Дарко Лунгулов  (MK/SR)

20.09.2015                                                                                                    21.09.2015

Џифони Патува – Битола (20-21.09.2015)                           „TAT-Транзициона еуфорија или национална измама“на Сашо Миленковски   

„Инферно“ на Винко Модерндорфер (MK/SL)

„Карма“  на Владимир Митревски                                                                    22.09.2015   

„Вања Лазарова-Со маки сум се родила“ на Синиша Евтимов    „Кајмо“  на Александар Зиков 

„Децата на мојот татко“ на Бесфорт Имами                              „Пресуда“ на Стефан Командарев (MK/BG)

„Банат“ на Адриано Валерио (IT/RO/BG/MK)


23.09.2015                                                                                                     25.09.2015  

„Последниот отпор на старецот“ на Арбен Тачи                        „Детето во светот“ на Гоце Цветановски

„Пожарникарот Муци“ на Саша Станишиќ                                „Долу од рајот“ на Саша Станишиќ (MK/BG)   

„Опера“ на Бајрам Бајрами                                                                               26.09.2015

„Осветлената темнина“ на Арсим Фазлија                                 „Жената на мојот живот“ на Антониј Дончев (BG/MK/IQ/RO)

„Пепи и Муто“ на Георги Унковски

                                                                       

Покрај филмски проекции, на фестивалот ќе има конференции (за филмска критика, за кинематографери од Балканот), работилници, семинари, промоции и изложби, 75 придружни настани на 40-ина локации во градот.

Фестивалската програма можете да ја погледнете на следниов ЛИНК