Лазар“ освои две награди на 63.Пулски фестивал

20/07/2016

 

 

 

Филмот „Лазар“ на Светозар Ристовски, копродукција меѓу Македонија (Смалл Мовес), Хрватска, Бугарија и Франција освои две награди на 63. Пулски филмски фестивал кој се одржа во периодот од 9-16 јули во Пула, Хрватска.

 

Публиката го избра „Лазар“ за најдобар филм и му ја додели наградата „Златна порта на Пула“, а од меѓународното жири, Ведран Живолиќ кој го толкува насловниот лик од филмот, ја освои наградата   „Златна арена“ за актерска интерпретација која дискретно, но силно го искажува внатрешниот немир на ликот.

 

Вo рамките на фестивалот, надвор од официјалната конкуренција, беше прикажан и филмот „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија, копрoдукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска.

 

Филмовите се поддржани од Агенцијата за филм на Република Македонија и Еуроимаж.