„Ослободување на Скопје“ прикажан на Филмскиот фестивал во Хелсинки

28/09/2016

Филмот „Ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је“, во режија на Ра­де Шер­бе­џи­ја, на 20. септември се прикажа на Филмскиот фестивал во Хелсинки во рамките на програмата „Welcome to Europe“.

Фил­мот е ма­ке­дон­ско-хр­ват­ско-фин­ска ко­про­дук­ци­ја и ве­ќе бе­ше прикажан на фестивалите во Пу­ла и во Са­ра­е­во, додека македонската премиера ја имаше на отворањето на 34. Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Глав­на­та уло­га во фил­мот ја тол­ку­ва Да­вид То­до­сов­ски, а по­крај не­го на­ста­пу­ва­ат и акте­ри­те Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ска, Ра­де Шер­бе­џи­ја, Лу­ци­ја Шер­бе­џи­ја, Ми­ко Но­у­са­и­нен, Не­бој­ша Гло­го­вац, Пе­тар Мир­чев­ски, Ја­ри Вир­ман, Де­јан Ли­лиќ, Де­низ Аб­ду­­ла и Аксел Мех­мед.

Сце­на­ри­о­то е на Ду­шан Јо­ва­но­виќ и на Ра­де Шер­бе­џи­ја, ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја­ е Де­јан Ди­ме­ски, а Вла­тко Сте­фа­нов­ски и Томас Кантелинен се автори на му­зи­ка­та за фил­мот. Про­ду­цен­ти се Ро­берт На­сков (Партизанс Продукција), Гор­јан То­зи­ја, Вла­ди­мир Ана­ста­сов и Игор Но­ла.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.