„Ослободување на Скопје“ на фестивал во Кливленд

08/03/2017

 

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија ќе биде дел од филмскиот фестивал во Кливленд, САД. Фестивалот се одржува во периодот од 29.03-09.04.2017 година и на него учество ќе земат над 400 играни филмови. „Ослободување на Скопје“ ќе биде прикажан во натпреварувачката програма.