„Осободување на Скопје“ прикажан на ФЕСТ во Белград

06/03/2017

 

Филмот “Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија го имаше своето прикажување на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ во Белград, како дел од програмата ФЕСТ ГАЛА. Во преполната сала во Сава Центар публиката со воодушевување го прими филмот. “Ослободување на Скопје” е македонскиот филмски кандидад за Оскар во кој главните улоги ги толкуваат: Раде Шербеџија, Давид Тодосовски, Луција Шербеџија, Силвија Стојановска, Мико Ноусаинен и Небојша Глоговац. Филмот е ко-продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска и е финасиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.