Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Ослободување на Скопје“ со награда за најдобра продукција

12/10/2017

 

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија, на неодамна завршениот Интернационален филмски фестивал на филмска режија во Лесковац, ја доби наградата за најдобра продукција. 

Филмот неодамна учествуваше и на фестивалот Raindance во Лондон, каде ја имаше својата британска премиера. 

Филмот е ко-продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор Нола, Владимир Анастасов и Арто Халонен, а главните улоги ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.